
Русија преку Србија се обидува да ги задржи своите стратешки позиции на Балканот. преку Србија. Ова го изјави новинарот Николај Крстев во емисијата на БНР „Нашиот ден“.
ʺВучиќ по 19-ти пат ќе ја посети Москва. Ова како бројка и статистика за седум години покажува колку едниот и другиот вложиле во блиските односи меѓу Србија и Руската Федерација.
Денес Србија се бори за својата енергетска независност. Претседателот Вучиќ сака, ако може да ги задржи добрите цени што ги добиваше со години за рускиот гас.
Според новата формула која Москва му ја предостави на Белград, станува збор за цена близу 900 долари за 1.000 кубни метри, што е навистина нешто неверојатно. Просечната цена на рускиот природен гас во 2020 година беше 125 евра за 1.000 кубни метри, покажуваат податоците на Гаспром за испораките за долгорочни договори. Тоа само по себе покажува дека Србија по секоја цена сака да ги задржи поволните услови што ги има.
Вучиќ коментираше дека неговата земја ќе преговара за купување на 3 милијарди кубни метри гас во следните 10 години. И сака да стане централно јадро за рускиот гас за Балканот. Разговорот овде е многу економски, но потскажува како изгледаат руско-српските односи.
Тоа е нештото што гокоментираа сите аналитичари, дека кога ви се даваат поволни кредити, поволни парични ресурси, секогаш доаѓа момент кога треба да ја платите вистинската цена, а не политичката, што се дава во даден момент“.
Србија денес
ʺИмав можност како дел од регионален здравствен проект да бидам во Белград и Ниш. Имав можност да посетам една од трите болници за Ковид во соседна Србија, направеното е факт.
Во тој поглед, Србија сака да ја доведе до крај својата блискост со Русија. Таа ќе биде првата земја во Европа што ќе ја користи новата руска вакцина. Таму има фабрика која наскоро ќе започне со производство на вакцината ʺСпутник“.
Слушнете го Николај Крастев на звучниот фајл ТУКА.
