Оставките не се стигнати во министерството. Не бегам од одговорност и од прашањата. Секогаш сум достапен за кое било прашање и обид за дефокус нема, но здравствениот систем е комплексен и мора да се менаџира, рече денеска министерот за здравство Венко Филипче кој на прес-конференција во Клиничкиот центар.

Моделот на модуларни болници е модел без којшто не само нашата држава, туку ниту една земја немаше да може да ја менаџира кризата, изјави министерот за здравство.

Тој истакна дека за време на пандемија, кога најмногу се потребни болнички кревети, не постои друг начин да се прошират болничките капацитети за толку краток период.

ʺНаправивме 700 болнички кревети за помалку од 2 месеци. Благодарение на тоа, имаше каде да сместуваме пациенти. Алтернатива на тоа е италијанското сценарио, луѓето да бидат заглавени во возилата за итна помош пред болниците, да нема каде да се сместат. Едноставно, да не можеме да им пружиме соодветна помош. И сега, и за време на претходните бранови има огромен број на пациенти коишто се лекуваат во модуларните болници“, додаде тој, нагласувајќи дека во периодот кога имаше над 1.700 хоспитализации дневно, половина од пациентите се лекувале токму во модуларните болници.

ВМРО ДПМНЕ бара од Филипче повеќе да не го менаџира здравството и веднаш да ја напушти функцијата.Оставката секогаш била и ќе биде чин на одговорност.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO