Нема проблеми во процесот на попишување и се се одвива во со посакуваниот интензитет, информира директорот на ДЗС, Апостол Симовски, кој денеска престојуваше во Дебар.

Тој посочи дека до утре очекува бројка од милион попишани граѓани.

ʺБројот на оние кои одбиваат е незначителен, а по разговорите, кај нив повеќе нема двоумење се попишуваат. Оние кои повикуваат на бојкот, главно преку социјалнте мрежи не и мислат добро на државата. Повторувам дека пописот е статистичка, а не политичка операцијаʺ, рече меѓу другото Симовски.

Тој информираше дека текот на пописот е во рамките на она што го очекувавале, па дури и со темпо кое што мислат дека е подобро од очекуваното.

ʺДневно во работни денови, просекот на попишување е околу 100.000 лица, за викенд е нешто подобро и очекуваме следниот викенд да биде уште подоброʺ, изјави Симовски.

Пописот ќе трае до 30 септември.

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO