Бугарскиот писател Георги Господинов е номиниран за најпрестижната литературна награда во Италија ʺPremio Strega Europeo“.

Неговиот роман ʺВремезасолништеʺ е меѓу петте финалисти во европското издание на Наградата за преведедни книги. Господинов ќе се натпреварува со автори како романската легенда Ана Бландијана и носителот на ʺГонкурʺ, Ерве Ле Телиер.

ʺВремезасолништеʺ на Георги Господинов излезе во јуни во Италија од издавачката куќа Воланд, во превод на Џузепе Дел Агата. Неодамнешна рецензија во весникот ʺЛа Република“ го определи бугарскиот писател како ʺПруст, кој доаѓа од Исток“.

Наградата ʺСтрегаʺ ќе биде врачена на церемонија на 17 -ти октомври во Торино како финален акцент на Меѓународниот саем на книгата. Пред тоа, петте писатели од Бугарија, Франција, Романија, Шпанија и Германија ќе ги претстават своите номинирани романи во Рим на Капитол Хил.

ʺСтрега“ се доделува годишно од жири составено од 20 италијански писатели, победници и финалисти на наградата. За европското издание се номинираат пет европски писатели, неодамна преведени во Италија и кои освоиле важно национално признание во своите земји. Се предвидува и награда за преведувачот на наградената книга.

За Георги Господинов ова е втора номинација за престижната награда. Првата беше во 2014 година за неговиот роман ʺФизика на тагата“.

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO