Според најновата анкета на Галуп, доколку изборите за Народното собрание на Бугарија се одржат во првата половина на септември, ГЕРБ -СДС ќе добие 22,5 отсто од гласовите на возрасните Бугари, а БСП – 16,1 отсто.

Според истражувањето, ʺДемократска Бугарија“ би добила 15,8 отсто, ʺИма таков народ“ – 15,5 отсто, Движењето за права и слободи – 11,9 отсто, а последни што ќе го обезбедат изборниот цензус се ʺИсправи се, Бугарија! Ние доаѓаме!“ со 4,8 отсто.

Истражувањето е спроведено пред поранешните службени министри Кирил Петков и Асен Василев да ги објават своите намери да се кандидираат на изборите. Двајцата се меѓу политичките фигури во Бугарија со личен рејтинг со најбрз раст, наведува агенцијата Галуп.

Истражувањето е финансирано од Агенцијата Галуп и е спроведено помеѓу 2 и 10 септември меѓу 1.007 лица.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO