Фото: Роjтерс

Две лица беа убиени, а уште двајца ранети при напад со нож во градот Алмело. Ова го соопшти холандската полиција.

ʺКако резултат на напад со нож во Алмело, две лица беа убиени“, соопштија органите на редот на Твитер. ʺДруго лице е рането. Еден осомничен е приведен, тој исто така е ранет“.

Телевизискиот канал RTV Oost  прикажа кадри на маж кој стрела со самострел од балкон. Останува нејасно дали учествувал во инцидентот. Полицијата била принудена да отвори оган.

Според претставници на органите за спроведување на редот, по апсењето на осомничениот, ситуацијата била ставена под контрола. Точно за што е осомничен уапсениот не се соопштува. Полицијата го истражува инцидентот.

Холандските медиуми соопштија дека не помалку од шест амбулантни возила и многу повеќе полициски автомобили се на местото на инцидентот. Телата на жртвите се пронајдени во стан по приведувањето на напаѓачот со самострел.

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO