Темпото на попис е подобро од очекуваното. Просекот е околу 100.000 граѓани на дневно ниво, вели директорот на ДСЗ, Апостол Симовски во гостувањето на емисијата „Утрински брифинг“.

Тој информира дека пописот се одржува насекаде, дека нема посебен распоред на урбани или рурални средини.

ʺСите обиди за бојкот паѓаатʺ, додава Симовски.

Во однос на шпекулациите во бугарските медиуми за бројот на попишани Бугари, Симовски потенцира дека тоа е обична глупост.

ʺТакво нешто не заслужува коментар. Ниедно лице нема досега влезено во податоците кои се досега собраниʺ, појаснува директорот.

Според Симовски, веб-страницата на ДЗС е цело време под напади, но таа нема врска со делот на попишување.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO