
Овие жешки летни денови, на просторите на Балканот никна нова политичка иницијатива (би стапила на сила на 1 јануари 2023 година) која би требало да собере шест држави кои сега се прилично далеку од магичните хоризонти на Европската унија. Проширувањето, во својот најоптимистички расплет, не е на повидок барем уште десет години, а некои од нив се уште не добиле кандидатски статус (Косово, БиХ) или датумот за почеток на преговорите (Северна Македонија, Албанија).
Асоцијацијата го доби звучното име – Отворен Балкан (Open Balkan), но од самиот почеток се соочува со голем отпор, недоречености, проблеми и контроверзии, а некои аналитичари, како што е нашиот соговорник српскиот политичар Жарко Корач, го нарекуваат ʺформа без содржина“ , велејќи дека најверојатно ќе остане ʺмртво писмо на хартија“.
Таа би требало да функционира како еден вид балканска миниверзија на ЕУ и Шенген – непречен проток на стоки, луѓе и инвестиции меѓу земјите -членки. Имено, од шест држави, засега само три и се приклучија на иницијативата – Србија, Северна Македонија и Албанија, а другите три – БиХ, Косово и Црна Гора – отфрлаат секаква можност да и се придружат, напомнувајќи дека нема да подлегнат на никакви притисоци.
Подгорица, Сараево и Приштина сметаат дека е непотребно ʺдуплирање на европската интеграција“. Отворен Балкан, за ние е само обид за ʺполитичка доминација на Србија“, односно реализација на хегемонистичките регионални планови на Александар Вучиќ наречени „српски свет“, а не некакво предворие, меѓупростор или неизвесност во кој творат, додека не им се смилуваат бриселските бирократите. Во Тирана и Скопје, со пристапувањето во Отворен Балкан и испраќаат порака на ЕУ дека нивното трпение има крај, но и стравот од ʺдоминацијата на Вучиќ“ е помал затоа што сметаат, со оглед на тоа што се членки на НАТО, дека со тоа имаат заштитен механизам.
Преголем товар
Отворен Балкан е оптоварен со преголемиот товар и багаж кој сите овие земји го носат во многубројните нерешени меѓусебни односи, како што е Србија, која не ја признава независноста на Косово, или тоа што за првпат дојде до отворен политички раскол меѓу Косово и Албанија. Во Приштина дури се одржани протести пред албанската амбасада поради нивното пристапување на Отворен Балкан, а косовскиот премиер Албин Курти го критикуваше албанскиот колега Еди Рама.
Во Приштина, сметаат дека Вучиќ успеал преку ʺнаивниот Рама“ да забие клин во меѓу-албанските односи, бидејќи тој (лажно) порачува дека Србија нема проблеми со Албанците, туку само со оние на Косово. И премиерот Зоран Заев во Македонија е исто така изложен на напади од опозицијата, како на тие со македонски, така и на тие со албански предзнак. Отворен Балкан отвори многу внатрешни рани и, наместо да ги смирува, само дополнително ги вжешти работите меѓу тие држави, но и внатре во нив.
На пример, веднаш се појави проблемот со ʺотворени граници“, па во Косово се прашуваат каде ќе се ʺукине“ „границата“ меѓу Србија и Албанија, која не се граничат меѓу себе, или пак се прашуваат Косоварите, Тирана смета дека сепак се граничи! Професорот на белградскиот Филозофскиот факултет Zарко Корач вели дека и покрај најавите за ʺмини ЕУ“, никој навистина не знае каква е содржината на Отворен Балкан, кога веќе постои ЦЕФТА, а друг реален проблем е тоа што во БиХ и Црна Гора, поради јасни минати искуства, автоматски подозираат и отфрлаат секаква иницијатива на Александар Вучиќ, особено кога тој се става себеси во центарот на тоа. – Идејата е прашање на кредибилитет и голема недоверба кон Вучиќ, бидејќи сите се прашуваат каква е корелацијата помеѓу Отворен Балкан и ʺсрпскиот свет“, вели Корач. Според него, доколку овие две земји не се приклучат кон ова иницијатива, таа всушност нема никаква тежина ниту сила, ниту политичка ниту економска, ниту каква било друга.
Сепак, треба да се има на ум дека во иницијативата со Србија влегоа две земји кои немаат нерешени проблеми со неа (освен што, на пример, Српската православна црква се противи на автокефалноста на Македонската православна црква), додека другите три кои ја отфрлаат иницијативата имаат многу проблеми: На Косово не и ја признаваат независноста и суверенитетот, Белград не е доречен кога станува збор за постојаната закана за отцепување на Република Српска, додека за Црна Гора отворено зборува како за ʺвтора српска држава“ или ʺсрпски пристап до морето“, со што всушност го негира суверенитетот и државно-културната различност на Црна Гора, а и на Црногорците им се отфрла засебниот етнички идентитет.
Проблемот на непризнатите земји
Црна Гора и БиХ сигурно нема да влезат, бидејќи дури и дел од просрпските партии во Црна Гора, освен радикалниот Демократски фронт, не ја поддржаа таа иницијатива. Босанско-херцеговскиот аналитичар Аднан Хускиќ изјави за Ал Џезеира дека главниот проблем во прифаќањето на идејата за Отворен Балкан, особено во БиХ, е перцепцијата дека тоа е идеја на Александар Вучиќ. И Корач, исто така, смета дека во Сараево не можат на неа да не гледаат преку постојаните најави на Додик за ʺреферендум за отцепување на Република Српска“ или ʺобединување со Србија“, за што Вучиќ никогаш јасно не се одредил.
Косово се противи на иницијативата, предупредувајќи ги Албанија и Северна Македонија дека Србија не го признава Косово и прави напори да ја спречи земјата да се приклучи на ОН и другите меѓународни институции и ги повикува земјите што ја признаа независноста да го повлечат. Во Приштина, затоа се прашуваат како може да функционира иницијатива во која една земја не само што не признава друга, туку е ʺсвоја“. Затоа, косовскиот премиер Албин Курти ги повика земјите од регионот да не бараат ʺтрансмисија“ кон ЕУ, туку да останат посветени на агендата на ЕУ.
Отворен Балкан повеќе личи на отворање на влијанието на Русија и Кина, а Балканот отворен за автократија и корупција – вели Курти, а тој проблем гледа и во фактот што Србија не се соочила со неодамнешното воено минато, дека се уште води политика со која ги загрозува своите соседи, а владејачката српска политичка елита е оптоварена со учество во војни и злосторства и како таква не може да води таков регионален проект пред да се соочи со сите свои гревови кон своите соседи.
Рускиот балканолог со адреса во Подгорица, Генадиј Сисојев смета дека оваа иницијатива е, од една страна, порака од ʺбалканските очајници“ до Брисел дека тие се лојални на идејата за обединета Европа и нудат надеж на тие земји, но и на нивната јавност дека ʺнешто прават“. Северна Македонија и Албанија се заглавени, на едната почетокот на преговорите и го кочи Бугарија, на другата Холандија, па затоа сакаат да покажат дека остануваат на тој пат и покрај се. А Вучиќ, вели Сисојев, мора да го потврди она на што инсистира – дека е ʺлидер на регионот“ и всушност сака Отворен Балкан да го претстави како ʺпотврда за неговото, односно српското влијание и важност“.
Тоа е, од една страна, приказна за внатрешна употреба на која го зголемува својот рејтинг, а во исто време во однос на другите земји ʺдибидус“ го поткопува, затоа што секој бега од неговата ʺлидерска“ улога ʺкако ѓавол на темјан “, во неа само ја гледаат неговата желба за реализација на идејата за Голема Србија – вели Сисојев. Имено, Србија заостанува многу во преговорите со ЕУ. Таа нема отворено ниту едно ново поглавје скоро две години, и тој е свесен дека тоа на некој начин му одговара бидејќи продолжувањето на преговарачкиот процес му отвора многу незгодни прашања за внатрешното функционирање на Србија, односите со Косово, па до потребатата да ги следи санкциите на ЕУ против Русија.
Подигање на рејтингот
Корач смета дека Вучиќ со двете раце ја прифатил таа опција, бидејќи мисли дека може да се наметне. Со тоа тој го поправа или има намера да го подигне рејтингот, кој, овој пат, е сериозно разнишан од аферата Веља Невоља, бидејќи се што се појави во последните денови во врска со неговите врски или врските на режимот со тој клан, многу го компромитираше, па затоа користи вакво нешто за да се претстави како ʺмиротворец“ и човек на кој се потпираат ЕУ и САД.
За Вучиќ, вели Сисојев, во ʺидеалната варијанта“ (што, како што вели, е малку веројатно), Отворен Балкан е добитна комбинација – се покажува како да се грижи за ЕУ, и не мора да ги исполнува барањата поставени пред него, а вториот мотив е дека тој на тој начин ја демонстрира водечката улога на Србија на Западен Балкан. Но, како што вели Сисојев, тоа е како кутија со ʺдвојно дно“, односно одење по тенок мраз.
На врвот е ʺблагородната“ идеја за економска соработка, непречениот проток на инвестиции, луѓе и добра, во сето ова Западот гледа напори на земјите кои во историјата војувале, повеќе да не се фактори на дестабилизација и нестабилност, Но, постои, вели рускиот балканолог, ʺдругото дно“, а тоа е обидот н Вучиќ да го претстави не како ʺбриселски или вашингтонски проектʺ, туку како белградски. И на тоа се пука, или може да пукне, ни вели Сисојев.
Корач вели дека Соединетите држави ја поддржуваат оваа иницијатива, затоа што тие таму и онака гледаат на овие простори поедноставено, затоа што веруваат дека економската соработка тука ќе стави крај на меѓусебната нетолеранција, и не гребат подлабоко и не ги гледаат сите меѓусебни стравови, празнини и недоверба што се акумулираат.на оваа иницијатива. Отворен Балкан е идеја што секој од учесниците, очигледно, ја чита на свој начин и за свои потреби. Затоа има толку многу скептицизам и сомнеж дека, како и многу такви идеи и планови во регионот, тие никогаш не влегуваат во фаза на реализација, особено што ништо не се кажува за имплементација на европските вредности и погледи на светот, уредување на правосудството, како ни за тоа како внатре во асоцијацијата ќе се донесуваат решенијата.
Прземено од jutarnji.hr
