Одржаната во македонската престолнина Скопје средба од форматот ʺМал Шенгенʺ отвори многу дискусии за нејзиното значење на регионален план. Во специјална анализа за The Foreign Insider, Николај Крастев коментира, дека бугарското сопнување на Северна Македонија во 2020 и 2021 година на патот кон ЕУ попадна (не)случајно во француско-руската стратегија за Балканот за зајакнување на ролјата на Србија во јужниот дел на нашиот регион.

Претставениот уште на крајот на на 2019 година формат ʺМал шенген“ од Србија со средбата на врвот на премиерите и претседателите на Србија, Северна Македонија и Албанија во Нови Сад, започнува да придобива се појасни контури во постјугословенскиот простор.

Преку демонстрираниот економски интерес и создавањето на единствен простор, во кој влегуваат Србија, Албанија и Северна Македонија, нивните граѓани да можат да патуваат слободно од 2023 луѓе, стоки и капитали, според многу набљудувачи се крие всушност обидот на Србија да се врати како лидер во тој дел на Западен Балкан.

За време на средбата во Скопје меѓу премиерот Зоран Заев, неговиот албански колега Еди Рама и српскиот претседател Александар Вучиќ, беше потенциран економскиот карактер на ʺМалиот Шенген“, кој беше прекрстен во Open Balkan.

Колку ќе стане отворен Балканот само времето ќе покаже, но од сега е јасно, дека овој формат стана не без јавното содејство на Бугарија, која поради своите неправилно формулирани цели кон нашиот југозападен сосед во спорот за минатото, јазикот и идентитетот многу успешно успеа да го врати Скопје во прегратките на Белград и да го оддели од ЕУ.

Србија извлече корист многу вешто од бугарско-македонскиот спор и се врати преку парадниот влез во Скопје, кое што во Софија, не беше прочитано како вознемирувачки сигнал. Србија успеа да извлече корист од југоносталгијата, за да ја затврди започнатата реализација на нејзината стратегија за таканаречениот ʺсрпски свет“ на Балканот, која се поврзува со триаголникот Белград-Подгорица-Бања Лука.

Всушност, меѓутоа, Белград ја копира идејата на Москва за создавањеъо на постсоветскиот простор  на ʺруски свет“.

Белград, како многу добар стратег, успеа многу успешно да ги внесе Скопје и Тирана и триаголникот да го претвори барем засега во балкански многуаголник.

Всушност, зад идејата за ʺсрпски свет“ на Балканот се кријат надворешно -политичките интереси на Франција и Русија.

Париз и Москва успеаја да најдат пресечна точка на нивните спротиставени интереси во југопросторот и да ги поврзат ситуационално.

За Париз, темата Западен Балкан и проширувањето на ЕУ треба да биде забавена, колку што се може подолго, не само поради претстојните претседателски избори, туку и затоа што Франција е загрижена од албанскиот фактор во ЕУ.

За Москва, меѓутоа, интересите се многу јасни за да ја попречат евроатлантската интеграција на регионот и уште извесно време да има сиви зони на непредвидливост, и покрај тоа што, на пример, Северна Македонија и Албанија се членки на НАТО.

Идејата на Москва, преку ʺсрпската стратегија“, Скопје и Тирана да не бидат гледани како вистински членки на Алијансата од страна на партнерите во Брисел и Вашингтон по свртувањето кон Белград, и покрај тоа што темата е доста дискутабилна.

Српската стратегија за единствен простор на Балканот ја покажува јасната намера на Белград да ги контролира не само реоните каде што живеат Срби, но и таму каде што Србија би сакала да живеат Срби, каков што е случајот со Северна Македонија, делумно да го поврати своето изгубено влијание од почетокот на 90-тите години со распадот на поранешната СФРЈ.

Всушност, стратегијата на Белград не е да ја обнови Титова Југославија, туку да изгради врз нејзините урнатини поголема српска држава, обединувајќи ги териториите во регионот за кои смета дека и припаѓаат.

Доказ за тоа е изјавата на српскиот министер за внатрешни работи Александар Вулин, кој кажа дека ʺимено улогата на оваа генерација српски политичари е создавањето на ʺсрпски свет “и да бидат обединети Србите, без разлика каде живеат.

Преку Open Balkans, Србија го доби правото да има заедничка граница со Грција и нејзиниот бизнис да стига не само до пристаништето во Солун, туку и до Пиреја во Атина, кое е во сопственост на Кина.

Освен до Грција, Србија презема стратешка предност за да стигне до Јадранското Море преку Албанија и да го зголеми своето влијание низ целиот тој простор.

Обидите да се прецрта економската карта на Балканот и да биде реализиран по брзо одлаганиот две децении Коридор 8, што ги поврзува Бугарија, Северна Македонија и Албанија, сега е на пат да биде заборавена и да се реализира идејата за нов економски простор на тој дел од Балканот , каде што српските стоки и капитали, респективно руските и кинеските ќе имаат можност да ја изолираат Бугарија од Северна Македонија најмалку една деценија.

Бугарскиот сопнување на Северна Македонија од 2020 и 2021 година на патот кон ЕУ попадна (не)случајно во француско-руската стратегија за Балканот за зајакнување на улогата на Србија во јужниот дел на нашиот регион.

Едвај е неопходно да се потсетиме на емотивниот говор на претседателот Макрон есента 2019 година во срцето на Белград, кој во близина на споменикот на Франција на Калемегдан се обиде да ги врати старите француско-српски историски врски.

Без преувеличување може да се каже дека најголемиот губитник од овој регионален формат е Северна Македонија, која попадна во еден сложен простор каде си даваат средба двете идеи за српскиот и албанскиот простор на Западен Балкан.

Меѓутоа, освен Северна Македонија и Бугарија е меѓу губитниците, бидејќи Софија во наредните години ќе биде лишена од стратешката иницијатива кај нашиот југозападен сосед.

Другиот важен елемент од стратегијата на Србија е дека таа ќе се обиде да го реши проблемот Косово не со Приштина, а со Тирана и силниот човек таму во моментов Еди Рама. Не случајно од 2019 година, косовските власти упорно откажуваат да се присоединат кон Малиот Шенген, сметајќи го за просрпски проект во регионален план.

Тогашниот и скоро повторно вратениот на премиерскиот пост  во Косово лидер на крајната партија ʺСамоопределувањеʺ Албин Курти, го критикуваше проектот за Малиот шенген, започнат во Нови Сад, велејќи дека не само што е избрзан и погрешен, туку дека Албанија требала го започне со Косово, а не со Србија.

ʺНови Сад и Охрид беа грешка. Не се започнува со Србија. Се започнува со договор помеѓу Албанија и Косово, се продолжува со договор со Хрватска и Бугарија, а потоа со Сараево, Подгорица и Скопје, и во крајна сметка и со Белград “, кажа уште тогаш Курти.

Со создавањето на овој српски простор на Западен Балкан, барем засега, го сопира проширувањето на ЕУ кон регионот и делумно Северна Македонија и плановите кон Босна и Херцеговина, затоа што Белград дава сигнал дека сака да го реши прашањето со босанските Срби со тоа што евентуално ќе ги присоедини кон себе си, или барем ќе ги ги оддели од Сараево.

Сличен е планот и кон со Србите во Црна Гора. Како заклучок, може да се каже дека постапките на српскиот претседател Александар Вучиќ во регионот преку меката сила, економските и политичките инструменти ја засилува улогата на Белград како сериозен лидер во регионот со помошта на Париз и Москва.

* Авторот е поранешен дописник на Бугарското национално радио во Србија и Западен Балкан 2003-2011 година.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO