Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денес информираше дека словенечките пожарникари што пристигнаа за справување со огнената стихија, веќе се наоѓаат на реонот во Берово.

ʺПристигнаа словенечките пожарникари и веќе се во Берово од каде ќе бидат распоредени да помогнат во гасењето на пожарите во регионотʺ, објави Шекеринска.

Директорот на Дирекцијата за заштите и спасување, Беким Максути рано утрово ги пречека словенечките пожарникари, кои се испратени како помош за справување со огнената стихија во земјава.

ʺДенеска во граничниот премин табановце директорот на ДЗС, го пречека конвојот на Тимот за заштита од пожари од Р. Словенија кој е составен од 45 лица, команда, ИТ експерти, медицинска екипа, пожарникари со 11 противпожарни возила и транспортни возила. Во координација на ДЗС конвојот е испратен во Берово од каде пожарникарите ќе се распоредат во критичните места опфатени од пожаротʺ, соопштија од ДЗС.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO