Ивет Горанова го освои златниот медал во кумите на олимпиското карате во Токио. Така, таа и ја донесе првата титула на Бугарија после Пекинг 2008 година, кога триумфираше веслачката Румјана Нејкова.

Во финалето до 55 кг, таа ја совлада Анџелика Терлуга од Украина со категорични 5: 1!.

На почетокот Горанова побара медицинска помош, но повредата беше лесна и се врати на татамито. Потоа 21-годишната плевенчанка поведе со 2: 1 во поени. Потоа со прецизен удар со нога Ивет поведе со 4: 1. Девет секунди пред крајот, таа освои уште еден поен.

Бугарката победи на сите пет натпревари во салата Нипон Будокан и останува во историјата како прва олимписка шампионка во кумите.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO