Фото: Роjтерс

Дел од Јужна Белгија повторно беше залеана од поплави заради поројни дождови проследени со грмотевици, пренесе ТАСС, повикувајќи се на информации на местна телевизија.

Во моментов нема информации за жртви.

Ситуацијата е критична во провинциите Намур и Валонски Брабант, кои се југоисточно од главниот град Брисел.

Меѓу најпогодените се градот Динан, каде што потоци од кал однесле автомобили и некои населби во Намур, главниот град на Валонија.

Белгиските служби го предупредуваат населението дека лошото време се очекува да продолжи неколку дена.

Минатата седмица земјата преживеа разорни поплави во кои загинаа 36 лица, а сè уште има луѓе во неизвестност.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO