Фото: Роjтерс

Во своебразен протест против владеењето на Виктор Орбан се претвори  геј парадата во Будимпешта, која се спроведува секоја година. Илјадници се приклучија на парадата, која беше поддржана од повеќе од 40 странски амбасади и културни институции.

Порано, во текот на годината, контроверзен закон усвоен од конзервативците на Орбан ја забрани геј пропагандата во училиштата.

ЛГБТ заедницата во Унгарија и институциите како Европската комисија го оквалификуваат законот како дискриминаторски. Брисел дури започна судски постапки против Будимпешта.

Орбан вети да го стави на референдум веќе влезениот во сила закон.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO