Текстот е преземен од Слободна Европа на бугарски jазик

ʺНа тој прекрасен планински град, познат по богатството и раскошот на своите повеќејазични жители и со својата сенчеста корија,покрај кристалните чешми на која компании дури од Битола и од Прилеп си организираа веселби со печени јагниња, му се падна да го поврзе своето име со еден од најкрупните настани во Илинденското востание “.

Така пишува за Крушево и за неговата десетдневна република, уште во далечната 1933 година Христо Силјанов, еден од првите историчари на востанието.

Илинден (20 јули / 2 август 1903) е дело на Тајната (Внатрешна) македоно-одринска револуционерна организација и на нејзиното разбирање за наднационален македонски политички проект за ʺавтономија“ на Македонија и Одринска Тракија.

Нејзината идеја за автономија и родениот од неа бунт не е само тактика. Таа е и еден алтернативен политички проект, кој сака да ги обедини како слободни граѓани на идната автономија, тогаш сметаните за различни етнички групи – Бугари, Власи, Грци, Турци, Албанци, Евреи итн.,  при што сите тие да добијат права како Македонци.

Востанието избувна со извиците ʺУра! Да живее Македонија! “Самиот лозунг на востаниците од Крушевската Република е ʺСлобода на Македонија“. И точно тие извици за ʺМакедонија“ и ʺмакедонците“ во оној момент се обидуваат да ги подведат под една заедничка кауза сите народности таму.

Наднационалниот проект од 1903 година

Кога самото востание избувнува во Крушево, тогашните Бугари, Власи и Грци се прегрнуваат по улиците и тржествено се поздравуваат со ʺХристос воскресна!“ и ʺЧестита слобода!“.

Местниот Влав Питу Гули се појавува со великолепно знаме и е облечен во срмена турска носија. Јавнал убав ждребец. Самиот бајрак е со извезен на него златен крст од едната страна и црвени букви со натпис ʺСлобода или смрт!“

На специјално заседание присуствува и Никола Карев, фактичкиот лидер на востаничката власт во Крушево, член на групата на македонските социјалисти во БРСДП, раководени од Васил Главинов. Тие со години водат кампања за ʺфедеративна македонска република“, која се разбира како една своевидна ʺШвајцарија на Балканот“.

Не изгледа изненадувачки вклучувањето на власите, бидејќи и тие, како и бугарите, видно во најголем степен се идентификуваат тогаш како ʺмакедонци“.

Тоа го забележува уште Васил К’нчов во публикуваната во 1904 година и не особено цитирана во Бугарија ʺОрохидрографијата на Македонија“.

Во текстот се вели: ʺМестните Бугари и куцовласи, кои живеат во пределите на Македонија се нарекуваат сами македонци и околните народи ги нарекуваат така. Турците и арнаутите не се нарекуваат македонци, но запрашани од каде се, тие одговараат: од Македонија. Арнаутите од северниот и северозападниот крај на областа, кои својата татковина ја нарекуваат Арнаутлак, така исто и грците кои живеат во јужните области, не се кажуваат македонци, затоа и границите на тие места според народните верувања не се јасно определени.

Раководителите на бунтовниците брзо испраќаат писма и до околните муслимански села. Тие ги повикуваат да го спазат нужното спокојство во тоа тревожно време и да не и помагаат на владината војска во нејзините обиди да го смачка бунтот.

Објаснуваат исто дека се борат за ʺослободувањето на сите македонци, без разлика на народност и вера“. Но, споменатата ʺрамноправност“ и надминување на ʺнационални омрази“ во таа своевидна ʺавтономна државичка“ се однесува најмногу на трите христијански заедници во Крушево. Во однос на муслиманското население, се забележуваат веднаш за време на првите бунтовнички дејства, пукнатини и негативните пројави.

Споменот за Илинден во Бугарија

Тој од денешна гледна точка, ʺмултикултурен“ Илинден во следните децении преживува множество и најразлични љубопитни метаморфози во колективната меморија, дури до денес. Во Бугарија, настанот е одбележан релативно шумно за време на неговата 30годишнина во 1933 година.

Иницијативата за комеморација доаѓа од самите македонски бегалски друштва во земјата. Организирани се пројави во Софија и Горна Џумаја (Благоевград). Државната власт е дури раздразнета од обидите за придавање на масовен карактер на настанот. Има и одредена неподготвеност за конфронтација и затегнување на односите со соседна Југославија.

Не е случајно, што вакви комеморации во тоа време не се спроведени во Југославија и во Грција, каде споменот за Илинден е непожелен. Тие се организираат дури со воспоставувањето на бугарската власт таму во април 1941 година.

Нешто повеќе, некои стари илинденци и нивни потомци влегуваат во акционите комитети, кои ја пречекуваат бугарската војска. Други, како братот на Никола Карев-Георги Карев, активно соработуваат со бугарската власт како кмет на Крушево.

Синот на легендарниот Питу Гули, Стерју Гулев, е исто така кмет-на село Алданци и водач на контрачета, која ја поддржува бугарската власт и се бори со македонските партизани. Голем број стари војводи и илинденци од 1903 година, доаѓаат од Бугарија за да се вклучат во спроведуваните комеморации на Илинден во самата Македонија.

Во случајов зборуваме за настани организирани по линија на државната политика на Софија и кои носат јасни великобугарски пораки, кои власта ги толерира, додека ги следи различните пројави на ʺавтономизам“ и ʺсепаратизам“, како и пораките на Крушевската република за толерантност кон малцинствата.

Најтржествен е 40-тиот јубилеј во 1943 година, кога пројави има во Крушево, Охрид, Куманово и други. Центар на комеморацијата си останува Крушево, каде што е отслужена панихида за мртвите и молебен за преживеаните учесници. На настанот се вклучуваат ветерани од македонското ослободително движење, како и претставници на Македонскиот научен институт и Илинденската организација, кои се дојдени од Софија.

Насекаде воскреснувањето на споменот за Илинденското востание се извршува по линија на бугарските државни институции. Тие пак дефинитивно ги изместуваат македонските бегалски организации, кои во 1933 година биле основните иницијатори и кои го моделираат споменот за Илинден.

Македонски (југословенски) Илинден

Но, освен овој големобугарски и лојален на власта спомен за Илинден, видлив е во практика во тоа време и друг, кој ги користи годишнините и крушевскиот бай(ј)рак против бугарската власт.

Карактерен е обично за младата генерација, родена по крајот на Првата светска војна и израсната во меѓувоена, кралска Југославија. Ете зошто партизанските одреди кои дејствуваат против бугарската власт, ги носат често имињата на илинденци – ʺПиту Гули“, ʺДаме Груев“, ʺЈане Сандански“, ʺПере Тошев“ итн. Видни дејци на отпорот како Кузман Јосифовски се познати.повеќе со нивниот псевдоним Питу, инспириран од Илинден.

Кон ова расположение на една нова македонска генерација, ја отвора вратата во своите спомени и стамболовистот Петар Карчев, роден во Охрид во 1889 година, кој живее во Бугарија од 1902 година, но се враќа по втор пат по 1918 година.

Да му дадеме збор: „Во Битола, областниот управител Христо Гуцов ми раскажа потресувачки работи за гонењето против македонската младина, непријателски настроена кон бугарските окупаторски органи. Неколкупати разговаравме на оваа тема и со митрополитот Филарет, архиереј на Ловчанската епархија, кој привремено управува со Пелагониската и Охридската епархии. Жестокоста на бугарската полициска администрација кон македонската младина беше страшна. Уапсените младинци беа инквизирани со најсурови средства “.

Митрополит Филарет му раскажува и за неговата трогателна средба во Битолскиот полициски участок со ќерката на местниот аптекар Чаловски. Своевремено, нејзиниот татко, како легален деец, зел активно учество во подготовката на Илинденското востание. И тука митрополит Филарет му раскажува на Карчев: ʺСе повикав на пројавениот од татко и патриотизам во 1903 година. Таа ми одговори многу остро дека токму во името на илинденскиот патриотизам се бори таа против бугарската власт заедно со нејзините другари“.

Очигледно вакво расположение на поколението, кое израснало во меѓувоена Југославија е во основата на таканаречената ʺасномска Македонија“. Како што е познато во манастирот Прохор Пчински на 2 август 1944 година, во присуство и на стариот илинденец Панко Брашнаров, Антифашистичкото собрание за народно ослободување на Македонија (АСНОМ) зема решение за иднината на Македонийа во демократска федеративна Йугославийа во формата на македонска држава.со служебен йазик во неа – народниот македонски йазик.

Собранието меѓутоа не е одраз точно на расположението на ќерката на битолскиот аптекар Чаловски. Тоа носи анти-големобугарски, но не и анти-бугарски пораки. Не случајно самиот Методийа Андонов-Ченто ги кани и познатите со нивниот бугаризам Трајко Чундев и Јордан Чкатров да земат учество на важниот настан. Но, во идната Титова Југославија, на првиот му остануваат уште околу пет години живот, на вториот малку над две. Всушност, нерадостната судбина која ги снајдува и тројцата, ќе е сведоштво за потчинетиот веќе на волјата на Белград илинденски идеал.

Титовиот Илинден

Всушност, ако во 1933 година српскиот режим му забранува на населението во Вардарска Македонија да им оддаде почит на загинатите во Илинденското востание, во Титова Југославија комеморациите се веќе можни, но оркестрирани на определен начин од комунистичката држава.

На пример, 50-тиот јубилеј во 1953 година е веќе строго контролиран. Титова Југославија и Македонија во неа како федерална единица се претставуваат како олицетворение на мечтата на илинденци.

Дури , во скоро публикувани молби за пензија, Југославија на Тито се претставува како реализација на идеалот од 1903 година. Во Крушево се откриени паметници на Никола Карев и Питу Гули. Од ʺбугари“ преку ʺмакедонските словени“, востаниците веќе се просто ʺмакедонци“.

Од македонскиот наратив ќе бидат скриени членот на востаничкиот штаб во Битолскиот револуционерен округ, Борис Сарафов, како и претседателот на Солунскиот конгрес на организацијата, кој зема решение за востание-Иван Гарванов.

Несакани теми стануваат како бугарскиот литературен јазик, користен од востаниците и старата ТМОРО, така и поведението на илинденци после тоа за време на Првата светска војна, кога соработуваат со бугарската армија како своја.

Ова го тера бугарскиот комунист Владимир Поптомов, уште во 1948 година да одбележи: „… и Гоце Делчев, и Ѓорче Петров, и Јане Сандански и сите раководители на Илинденското востание, ако беа живи сега, ќе ги објавеа за ʺголемобугарски шовинисти“- не за друго, а затоа што не знаат да зборуваат и пишуваат на друг јазик, освен на бугарски “

Тодорживковиот Илинден

Како одговор на таа југословенска, Титова перспектива кон Илинден 1903 година, бугарската политика, а по неа и бугарската историска наука, од крајот на 1960-тите па наваму, променуваат еден термин, кој веќе суштествувал децении: ʺИлинденското востание“ станува ʺИлинденско-Преображенско“.

И, ако до крајот на 60-тите во Софија сè уште е можно да се пропушти и старото ʺИлинденскоʺ востание , изградбата на централизиран наратив од 70-тите веќе трајно го претвора во ʺИлинденско-Преображенскоʺ. Па ако во Серски округ избувнува на Крстовден, дали треба да го наречеме „ʺИлинденско-Преображенско-Крастовденско“?

Видливо е меѓутоа, ако во Скопје се обидуваат да ги сокријат бугарските траги од минатото и заедничките дејства со бугарската држава, тогаш во Софија стравуваат од секакво друго толкување на автономистичкиот проект, освен во ʺопштобугарскиʺ и иден присоединувачки дух.

Каде е вистината?

Во овој случај, различните изнасилени перспективи, единствено ја упростуваат и искривуваат сликата за минатото.

Меѓу потомците на Илинден од 1903 година наваму, очигледно има очигледно различни политички ориентации, животни судбини и национални идентитети. Ги видовме и различните спомени за Илинден. Видно е дека самата идеја за ʺавтономија“, поради својата магловитост и отвореност, ги остава и отворените интерпретации, кои понекогаш се разминуваат до неразбирање.

Ете зошто треба да се претствавува целата слика и целата многуобразност во слободна дискусија. Инаку, при пројавена селективност, лесно се наоѓат во минатото докази за сè.

–––––––––––

Стефан Дечев завршува историја на Софискиот универзитет ʺСв. Климент Охридски “. Специјализира на Универзитетот во Амстердам и Централноевропскиот универзитет во Будимпешта. Автор е на бројни студии од областа на современата бугарска историја и историографија. Предава на Југозападниот универзитет во Благоевград и на Универзитетот во Софија.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO