Во Кривичниот суд беше соопштена пресудата за поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков за случајот ʺТортура“, кој се однесува на нечовечкото аспење на лидерот на Обединети за Македонија и поранешен министер за внатрешни работи, Љубе Бошковски, на 6 јуни 2011 година.

Судењето за ʺТортура“ почна во март 2018 година, а веќе еднаш почна одново, во октомври 2019 година, поради смена на поротник и изминати 90 дена од последното рочиште. Судот се осврна на самиот случај и постапувањето при апсењето на Бошковски.

Првообвинет во овој случај е поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, кој во обвинението поднесено од поранешното СЈО, е осомничен за кривично дело „мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување“ од член 142 став 1 в.в. со член 23 од КЗ. За истото кривично дело се осомничени и шест поранешни припадници на единицата ʺАлфа“ помеѓу кои, Ивица Анчевски, Новица Станковски, Петар Милошевски, Филип Атанасов, Јован Боцевски и Метуш Шабани.

Мијалков и шестмината алфи добија ослободителна пресуда.

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO