Слави Трифонов ги залажува своите избирачи со шеќерен космички памук. Сака да испрати Бугари и северномакедонец заедно во Космосот. Но, не е ли подобро прво си ги поправиме нашите односи на Земјата? Коментар на А. Андреев за бугарската редакција на ДВ.

Бугарин и бугарка заедно со северномакедонец во Космосот. Симпатична идеја, без сомнение. На времето, ʺголемиот брат“ СССР, на истиот начин ги водеше братчињата и сестричките од социјалистичкиот лагер на патешествија во околуземната орбита. Сега Бугарија, како ʺголема сестра“, можела да ја организира истата вселенска екскурзија за Северна Македонија. Како ли да ја оцениме на скалата од 0 до ʺитар политички потег“?

А кога заедно на Земјата?

Нема значење дали идејата е на г-дин Станислав Трифонов, или на други бугарски политичари: очигледно целта е да се направи впечатлив потег со коњот на шаховската табла на збрканите бугарско-македонски односи. Ем да се прегрнеме во небото и така засекогаш да ги исчистиме противречностите, ем да му покажеме на светот дека сме конструктивни и напредни.

Да, убава фојерверка. Но, не е ли подобро прво да си ги поправиме нашаите односи на Земјата и тоа на едно сосема конкретно парче земја, кое што го делевме веќе со милениуми? Не е ли подобро низ тоа парче земја, место граници да вметнеме железнички линии и патишта, да изградиме заеднички индустриски паркови и туристички објекти и да го претвориме во убав и расцветан дел од ЕУ?

Космички шеќерен памук

Празни фантазии… Точно во моментов бугарите и македонците се наежени во невидена мерка едни против други и поскоро сакаат едната од двете нации да биде колку е можно подалеку – во Космосот или на Марс. А во меѓувреме, победникот на парламентарните избори продолжува да ги залажува своите избирачи со космички памук.

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO