
Премиерот Јанез Јанша јасно кажа дека проширувањето не е техничко прашање, туку е големо геостратешко прашање за ЕУ. Ако ЕУ не успее да се прошири на Западниот Балкан, некој друг ќе го направи тоа, вели словенечкиот амбасадор Милан Предан во неделното интервју на Радио Слободна Европа.
ʺMислам дека е португалскиот предлог е многу добар. Многу балансиран. Јас мислам дека се грижи за интересите на двете страниʺ, вели уште словенечкиот амбасадор Милан Предан во интервјуто.
Според него, најважно е дека за португалското претседателство не беше лесно да се скрши мразот, бидејќи имаше проблем кај бугарската страна, бидејќи немаше влада.
ʺДобрите околности се дека временската рамка за формирање на бугарската влада се прилично кратки и ако резултатот го овозможи тоа ќе имаме влада за време на летото и тогаш ќе имаме некој со кој ќе разговараме. Но, ние не чекаме само на тоа, туку сме активни. Така што немаме намера само да чекаме да се формира нова влада. Знаеме дека треба да го подготвиме тлото за компромис во наредниот да речеме месец и половина. Не сакаме да чекаме до декемвриʺ, вели Предан во интервјуто.
