Кога ги читате, записите, мемоарите, стенограмите на разговорите со Бугарија се дознава колку ситуацијата и проблемот и сега и тогаш била тешка и мачна.
Но доколу се загреби под површината на тие договори и се перципираат од Призма со Идеологија во Призма без Идеологија ,а малку се знае историјата во периодот 1944 па до преговорите на Крсте Црвенковски-Живков и Тито ќе се открие лесно фактот зошто тие преговори биле и баш без некој успех.
1.Двете страни имале тврдо комунистичко стојалиште
да би
2.Двете страни сокривале работи каде и двете комунистички партии си ги извалкале рацете до лакти ,односно со изрекување на казни затвор, работни логори па и до казни со смрт.
Двете страни безмилосно се пресметале со идеолозите на Независна Држава Македонија.
Двете страни безмилосно се пресметале со бугарофилијата, македонизмот и десницата.
Ако Македонските левичари и кумунисти тврдат дека тие се заслужни замакедонската нација и јазикот, се прашам што е тоа различно од тоа што го тврди Бугарската историја.
И Бугарската политика и историја како и денешната перцепција на историјата и политиката во Република Северна Македонија е базирана на фактот кој е особено идеолошки и звучи-Македонската нација е создадена во федерална единица на Југославија со декерет на Тито и додуша и на Коминтерната.
Денес на маса преговараат агенти и политичари на Живковизмот и поддржувачи на комунизмот од Титовиот систем на зачување на Федералната историја и зачувување и амнестирање на бившиот комунистички режим на СФРЈ и Социјалистичка Република Македонија.
Додека за дел на населението Титовиот режим значи етаблирање на МАКЕДОНСКАТА ДРЖАВНОСТ И ИДЕНТИТЕТ, зад него вешто се сокриени ликови од Федералната агентура на СФРЈ, историчари профилирани по рецепт на Федерална држава кои историјата сеуште ја читаат по Федерален терк НО НИКАКО НА ИСТОРИЈА НА НЕЗАВИСНА ДРЖАВА.
Ваквите ликови одлично се (не се) разбирале со нивните колеги во Софија цели 60 години и од тоа не само што се самоамнестирале туку имале и политички и економски бенифит.
Ниту една идеологија нити декрет на партија ниту лик без разлика на неговата каризма направиле нација и држава.
Таква земја денес во светот не постои. Можеби постоела но денес ете нема таква и не постои.
Значи имаме сега една де-факто работа на двете страни-Тито е тој што ја создал македонската нација и култура.
Двете страни се влезени во ров со сето оружје да ја очуваат оваа небулоза.
Незнам зошто би се тепале пред јавноста кога фингираат една кавга која произлегува ама баш од исти стојалишта.
Гледаме една страна која предобро се припремила,организирала,изучила ,а игра доста модерен фудбал.
Гледаме и друга страна која Дон Кихотовски со Санчо и некаква непостоечка Дулчинеа би сакале да победат играјќи еден брзомислечки фудбал каде пуцаат голови повеќе на трибините отколку во голот па дури и сакаат и пуцањата во трибините да се сметаат за голови.
Вкупно тешко.
Оваа и ваква Бугарија, нашите во Скопје со ваков тип на фудбал, никогаш нема да ја поразат. Па ни во декември.
Ова значи дека после декември, нашите капитени ќе побараат избори. Ништо друго нема да им падне на памет.
Ма толку се македонските капацитети и суети. А, суети ,а богами, ами големи.
Што после декември?!
Ништо одиме на пролетни избори 2022. Секако спорот со Бугарија ќе трае ли трае.
Од досега се што видовме- Партизаните го стрелаја Денко. Ете ова е резултатот до сега.