Државниот секретар за европски прашања на Португалија, Ана Паула Закаријас, изрази надеж изборите во јули да донесат решение за ветото на Бугарија за започнување на преговори со Северна Македонија за членство во ЕУ.

Министерот Закаријас, чија земја ќе го предаде ротирачкото претседателство на Словенија на 1 јули, очекува дека како земја од истиот регион, таа да помогне за наоѓањето на решение за проблемот, но истакна, дека бугарската позиција треба да се уважува и да не се внесуваат несогласувања во ЕУ. Министерот Закаријас разговараше со новинари во Лисабон.

Ана Паула Закаријас ја опиша дебатата меѓу двете земји како ʺтешка“ и истакна:

ʺОва е многу тешка дебата, особено за Бугарија, таа е поврзана со историјата, културниот идентитет на двете земји, како и со идната соработка. Во моментов, тие работат на нешто како патна карта, која да им помогне да работат заедно, а за Бугарија да има гаранции дека кога Северна Македонија ќе влезе во ЕУ, работите ќе се одвиваат попречено. Северна Македонија помина низ тешки преговори со Грција – потстетете се дека тоа го смени името на земјата. Но е многу тешко, бидејќи тоа е поврзано и со Бугарија како култура и јазик. Очигледно е поврзано со јазикот на Северна Македонија, кој некогаш бил дел од бугарскиот јазик и културните димензии на обете земји. Во Бугарија ќе има нови избори на 11 јули и јас мислам дека бугарските власти ги очекуваат нивните резултати, пред да земат решение како да дејствуваат“.

Министерот Закаријас го нарече ʺважен момент“, тоа да не се внесуваат несогласувања меѓу двете земји во ЕУ.

ʺНие треба да ја уважуваме бугарската позиција и го направивме тоа. И важно е да не се внесуваат несогласувања или проблеми меѓу двете земји во ЕУ. Ние сакаме тие да бидат решени пред некоја земја да се присоедини кон Европската унија. Затоа не можевме да започнеме, затоа што требаше да и дадеме време на Бугарија да го реши тоа со Северна Македонија пред да ја свикаме меѓувладината конференција “.

Министерот Закаријаш истакна дека и над Бугарија бил вршен притисок за наоѓање на компромис.

ʺТука има баланс, така што ние вршевме притисок и врз Бугарија, затоа што ставивме добар предлог на масата – да се разгледа, да се види дали може да проработи. Исто така работиме и со Северна Македонија и се обидуваме да видиме дали доаѓа моментот, во кој да постигнеме согласност за прашањето. Но, овој притисок сепак има граници.

На прашање на ʺХоризонт“, реално ли е овие избори да променат позиција, околу која има многу широк јавен консензус, како и на репликата дека Бугарија не е против европската перспектива на Северна Македонија, туку едноставно сака да се запре антибугарската реторика и заедничката историска комисија да ги обноват своите средби, министерот Закаријаш одговори:

Она што го чувствувам, е дека моментот не беше соодветен. На Бугарија и требаше повеќе време да ги разгледа овие прашања. Дали ќе има избори или не, сметам дека преговорите со Северна Македонија треба да продолжат, особено во однос на патната карта, која треба да е јасна. И двете земји се обидуваат да го искажат своите позиции – Бугарија секогаш велела дека не е против членството на Северна Македонија во ЕУ, напротив, таа сака да биде таму. Но, додава дека треба да има јасност во некои аспекти. Затоа понекогаш е неопходно повеќе време, поголема претпазливост и дебатата треба да продолжи. Сигурен сум дека нашите колеги од Словенија, кои се од истиот регион, со сигурност можат да го поддржат овој процес и да помогнат да се придвижи напред со сите сили. Мислам дека нашите напори беа оценети и од Бугарија и од Северна Македонија. Но, потребно е време помеѓу балансот на притисокот, кој го извршивме и разбирањето на ситуацијата што треба да се постигне. Како претседателство, сакавме да ја одбележиме оваа точка, но треба да ги разбереме околностите “.

Слушнете го целото интервју во звучниот фајл ТУКА.

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO