
Британската влада одржа итни разговори со трговци на мало, логистички групи и трговци на големо по тревожни прогнози дека остриот недостиг на шофери може да доведе до празнењето на полици во супермаркетите, соопшти ʺГардијанʺ.
Претставници на Министерството за животната средина, храните и земјоделството разговараа за потенцијални решенија, вклучително и отстранување на ограничувањата за работни часови на шоферите и зголемување на капацитетот за курсеви и испити за нови местни шофери на камиони. Од министерството, исто така, размислуваат да ги вклучат шоферите во списокот на дефицитни професии, така што да се направи полесно вработувањето на такви од странство.
Пред неколку дена, од Асоцијацијата на тешко-товарните превозувачи ја предупредија владата дека се задава лето со дефицит на храни поради недостигот од околу 100.000 шофери како резултат на појавата на Ковид-19 и Брегзит.
Во последниве години, источноевропските шофери се преовладувачкиот дел во товарните превози, но многу од нив се вратија во своите домови од почетокот на пандемијата и имаат тешкотии да работат повторно островот поради новата имиграциска политика по излегувањето на Велика Британија од Европската унија.
Недостигот на шофери е дел од проблемот со кризата за работна рака во целата прехранбена индустрија, која вклучува пакување, производствени капацитети и магацини.
