ТАТКОВИНА.ИНФО е невладин медиум кој, во трите години од своето суштествување, неуморно работи за зближувањето на Република Северна Македонија и Република Бугарија- за нова братска сплотеност меѓу граѓаните на двете земји.

Стапнала на цврстите темели на заедничката историја, “ТАТКОВИНА” го користи нормалниот тон на комуникација и непристрасното информирање во дијалогот меѓу Софија и Скопје, како и в рамките на Западен Балкан ,во различни области на културата, меѓурелигискиот дијалог, економијата, бизнисот, транспортната поврзаност, науката и иновациите.

Во рубриката ʺПублицистика“ како автори се пројавуваат истакнати интелектуалци и новинари од двете земји. Меѓу популарните рубрики ʺМакедонија“, ʺБалкан“, ʺСвет“, ʺЕкономија“, ʺСпорт“, ʺИнтересно“, ʺКултура“ и ʺПублицистика“, особено се откројуваат ʺИсториски календар“ и ʺКнига за денес“, тесно поврзани со заедничката историја на Северна Македонија и Бугарија и први од таков вид во медиумскиот простор. Во рубриката ʺКнига за денесʺ за прв пат се публикуваат дигитализирани автентични дела од преродбеници и револуционери, кои што се дел од заедничката памет и култура.

Независното новинарството одговара единствено пред својата публика и не треба да зависи од силните на денот. За жал, нашата искрена и упорна работа за реалното зближување на двете опшества засега не најде адекватна оценка от државната администрација. Се обидовме да добиеме финансиска поткрепа преку участво на државен конкурс за медиумски проекти, но без позитивен резултат.

Затоа се обраќаме кон Вас – нашите верни читатели. Нека да докажеме дека еден медиум со благородна цел, може да суштествува благодарение на својата активна и критична публика. Вашата поткрепа е решавачка за опстојувањето на нашата заедничка и сакана ʺТАТКОВИНА“– татковината на слободното слово и братска здруженост!

Начинот на кој може да не поткрепите е опишан на банерот подолу.

 

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO