Текстот е преземен од Слободна Европа на бугарски jазик

Пред 80 години, на 16 април 1941 година, премиерот на Бугарија, проф. Богдан Филов запишува во својот дневник: ʺПред пладне ги примив Н. Стојанов и проф. Коларов, со кои разговаравме опширно за македонските работи. Тие ме уверуваат дека идејата за независна Македонија сега не се поддржувала од никого, дури ни од ВМРО (михајловистите). Ми препорачаа неколку души, кои да ги испратам во Македонија за да го бодрат населението и да подготват евентуално комитет, кој да побара присоединување на Македонија кон Бугарија “.

Записот следи неколку тревожни и динамични седмици, во кои ситуацијата се менува со дни, а понекогаш и со часови. Макар што огромниот дел од бугарскиот политички спектар се спротивставува на 21 февруари 1941 година на влегувањето на Бугарија во војната на страната на Тројниот пакт, сепак на 1 март, во дворецот Белведере во Виена, Бугарија се присоединува на силите на Оската.

Во својот стремеж да ја привлече и Југославија, Берлин и го ветува грчкиот дел од Македонија плус владеењето на Солун. На 25 март 1941 година, Белград исто така станаува дел од пактот. Меѓутоа, два дена подоцна, про-британски сили извршуваат државен преврат и ја вадат земјата од сојузот со Рајхот. Уште на 28 март Б. Филов не пропушта да одбележи во својот дневник, дека дури сега се создаваат благопријатни услови, Македонското прашање да се реши во полза на Бугарија.

Во следните денови претстои, вклучително и од бугарска територија, Германија да го смачка воениот отпор на Југославија и Грција. На 17 април од Берлин даваат дозвола Бугарија да ги заземе Западните покрајнини. На 19 април бугарски војски навлегуваат во Вардарска Македонија. На 20 април бугарска власт е воспоставена и во делови на Беломорието. Новопридобиените од Бугарија територии се организирани во три области – Скопска, Битолска и Ксантиска. Под лозунгот ʺЕдна држава, еден народ, еден цар“ е прогласено ʺнационалното обединување“. Но, што се крие зад сето тоа во различните региони каде што е воспоставена бугарска власт?

Настроенијата во Софија и во Вардарска Македонија

Уште од 1940 година, извештаи на странски набљудувачи зборуваат за силните традиции во Вардарската бановина на автономизмот, сепаратизмот и на пробугарските настроенија. Во почетните месеци на војната, имало определени симпатии кон анти-Версајската политика на Хитлерова Германија и кон ʺбраќата Бугари“. Како резултат, по разгромот на Југославија, може да се каже дека популарноста на Хитлер покрај Вардар е доста поголема отколку во самата Бугарија. При тоа, форматот на германско-советскиот пакт за ненапаѓање ги прави возможни овие настроенија во самата Македонија, како меѓу десни, така и меѓу леви.

И сепак, во ноември 1940 година, британскиот вицеконзул во Скопје одбележа дека мнозинството од словените и турците се ʺавтономисти“ и ʺсамо мал дел од словените сè уште се надеваат на анексија од Бугарија“.

На 8 април 1941 година, во Галички Aн во Скопје, дејци на ВМРО – и десни и леви (некои дури и членови на КПј) – разговараат за објавување на независна македонска држава под протекторатот на Германија.

Траумата од жртвите за време на Првата светска војна и созревањето со текот на годините на идејата на ВМРО за ʺнезависна македонска држава“ се чини дека ја прават и меѓу владејачките кругови во Софија оваа стара, автономистичка линија логична. Не случајно на самиот почеток, кога премиерот Филов им соопштува на важни фигури во неговата влада, како министерот за надворешни работи Иван Попов и воениот ген. Теодоси Даскалов дека ʺГерманците предлагаат да ги окупираме“, ниту еден од двајцата не паѓа во восторг и ја искажуваат својата загриженост од ваков чекор. Филов сведочи и за мнението на царот: „Тој е на мнение да го прифатиме предлогот, но не за ʺокупација“, а за да го запазиме редот и спокојството во завземените од германиците територии“.

Гласините стигнуваат до Софија

Гласините за тоа што се случило на собранието во Галички Aн во Скопје се чини дека стигнуваат и до Софија. Уште на 9 април од бугарската престолнина кон Вардар тргнуваат Васил Хаџикимов и Стефан Ј.Стефанов, кои се зафаќаат со организирањето на Бугарските акциони комитети, кои да ја пречекаат бугарската војска.

На 11 април, Б. Филов запишува во својот дневник за неговиот разговор со министерот за надворешни работи Ив. Попов: ʺАнтони Николов ми ја пренесе гласината,  дека некаков комитет во Скопје сака; да го прогласи присоединувањето на Македонија кон Бугарија. Разговарав со Попов и решивме да го искористиме тој случај и доколку гласините не се точни, да предизвикаме такво решение“.

Во Македонија е испратен за врска со акционите комитети и прилепчанецот Данаил Крапчев. Како што одбележува Филов во својот дневник, изборот паднал на него затоа што ʺтој е за присоединување на Македонија кон Бугарија, а не за автономија.ʺ

Пречекувањето на бугарската војска

На прв поглед, парадоксно, во следните денови идејата за директно присоединување кон Бугарија брзо се здобива со надмоќ од двете страни на Вардар. За запознаените со контекстот, тоа изгледа не е толку изненадувачко. Не се тајна италијанските апетити кон Македонија, кои за разлика од Бугарија, неизбежно би го фаворизирале албанскиот фактор таму.

Во италијанското Министерство за надворешни работи ги разгледуваат Скопје и Битола како албански градови. Паралелно инспирираните од Софија акциони комитети се создаваат и албански структури, кои се застапуваат за присоединување кон Албанија под италијански протекторат. Самата италијанска пропаганда исто така ја користи идејата за ʺавтономна Македонија“ и за ʺнезависна Македонија“, вклучително и меѓу малцинските групи.

На 19 април и во следните денови Бугарската Петта армија навлегува во Вардарска Македонија. Во тој момент, поголемиот дел  од населението ја пречекува дружељубиво. Дури и во 1943 година, расудувајќи за слабиот интензитет на отпорот против бугарската власт, испратениот од Тито Светозар Вукмановиќ-Темпо, си спомнува како во април 1941 година ʺбугарските окупатори, па дури и германските, народот ги пречека со цвеќиња“.

Првите разочарувања

Автономистичките настроенија меѓутоа изгледа се покажуваат посилно од желбата Софија и во следните месеци бугарската власт, и покрај огромните инвестиции во областа, започнува да ја губи првичната доверба.

Дури и полицијата ги поставува под набљудување неколку стари ВМРО-овци, како Димитар Чкатров, Димитар Ѓузелев, браќата на Иван Михаилов, вдовицата и ќерката на Тодор Александров, Борис Дрангов и други. Заканата од ʺавтономизмот“ поминува како црвена линија низ не малку бугарски полициски архивски документи, кои сведочат за ʺоладување на местното население кон официјалните органи“, за агитација меѓу него во полза на ʺавтономна Македонија“, за растечко ʺлошо настроение против бугарската власт“.

Уште во јуни 1941 година,  Д.Чкатров, Д.Ѓузелев и д-р Борис Светиев изразуваат незадоволство пред премиерот Филов за некористењето на местни луѓе во администрацијата; непознавањето на местните услови од чиновниците кои дошле од Бугарија; недостаток на потребниот однос кон местното население. Државни службеници кои дошле од Софија, констатираат во септември 1941 година дека младите не ја признаваат новата власт како своја; како преовладуваат настроенијата во полза на лозунгот ʺМакедонија за македонците“; како се настојува да се дадат служби на местни луѓе со искуство, макар и од времето на претходната српска администрација; како местните честопати не се нарекува ʺбугари“ или ʺмакедонски бугари“, а едноставно ʺмакедонци“.

Во јули 1942 година, тукашни дејци се собраат во домот на Јордан Чкатров во Скопје и изготвуваат излагање до цар Борис III, во кое настојуваат за поголема застапеност на местното население во управувањето.

Се забележува тоа, кое што еден од шефовите на радиото, Есто Везенков, го определува како мешавина од ʺколебливи надежи и тревожни несогласувања“, ʺстуденило“. И додава: ʺИмаше опасност првичната радост на бугарското настанување таму, да отстапи пред настојчивата пропаганда за самостојност“. Ни пренесува и конкретен случај: Една вечер решивме да отидеме во некоја местна крчма на крајот од градот. Бевме група од радиото и театарот. Кога влеговме, меѓутоа против нас де исправи ѕид од студени погледи. Никој не ни предложи да седнеме. Си отидовме. А јас си мислев: Ова ли е нашата Македонија?ʺ

Слабиот отпор

И покрај осознаваните први разочарувања, на самиот почеток, со исклучок на регионите Куманово, Скопска Црна гора, Азот и Поречие, каде што јасно се отцртуваат просрпски енклави, местното население не е подготвено за борба против ʺокупаторите“.

Тоа сè уште ја одржува својата омраза кон поранешна Југославија. Дури и кога македонските комунисти започнуваат да повикуваат на борба против ʺфашистичката бугарска влада и монарх“, тие ја истакнуваат како цел ʺслободна Македонија“, а не негуваната од КПЈ и Тито ʺнова Југославија“.

Самата пак идеја за ʺслободна Македонија“ ја следи ВМРО-ввската автономистичка традиција, која по својата суштина отсекогаш била и пробугарска. Не случајно, во 1944-45 година, југословенската комунистичка пропаганда прави разлика помеѓу ʺвеликобугари“ и ʺВМРО-вци“, дефинирајќи ги и едните и другите како ʺбугарофили“. Дури и до есента на 1943 година, во не мал степен кај местното население недостасува ентусијазам да се најде во ʺнова Југославија“.

Новата генерација и Македонија

Различни фактори ќе бидат користени од пропагандата на отпорот за зголемување на недовербата кон бугарската власт – ограничувањата на демократијата; поведението на чиновниците, пренебрегнувањето кон исламските малцинства; анти-еврејското законодавство; депортирањето на евреите; различната чувствителност на новото поколение, кое израснало во Југославија и ја прекинало врската со Бугарија.

Не случајно, родениот во 1889 година во Охрид, истакнат Стамболовист Петар Карчев, го пишува следново за својата посета тука: ʺХитлер одамна го беше нападнал Советскиот Сојуз и идејата за ослободување на Македонија во сознанието на растечката македонска интелигенција беше придобила нови форми. Како сојузници на Хитлер, нашите војски беа престанале да носат ослободителен ореол .“ За исклучителната динамика на лојалностите во тие години, говорат и следниве негови зборови и тоа за неговиот роден Охрид: ʺДури и младите, кои беа на државна служба, беа врагови набугарската власт. И тие споделуваа убедување дека македонците не се Бугари.“ Изразувајќи го своето воодушевување пред храброста и решителноста на ова младо поколение, Карчев ја претскажува тешкотијата во неговите обиди еден ден да формулира историја ʺодделна од бугарската “.

И сепак, покрај изолирани инциденти и неколку стотици жртви, движењето на отпорот против бугарската власт до почетокот на 1944 година, па дури и до летото, не го добива посакуванииот од учесниците во него размав. А и покрај воено-временските проблеми, видени во општо-европска перспектива, Вардарска Македонија како целина останува релативно спокојно место за време на војната, без ткарактерниот за други места недостаток на храна. Овие работи стануваат уште појасни во споредба со други региони каде што е воспоставена бугарска власт за време на војната и на кои ќе им биде посветен нашиот следен материјал.

––––––––––

Стефан Дечев завршува историја на Софискиот универзитет ʺСв. Климент Охридски “. Специјализира на Универзитетот во Амстердам и Централноевропскиот универзитет во Будимпешта. Автор е на бројни студии од областа на современата бугарска историја и историографија. Предава на Југозападниот универзитет во Благоевград и на Универзитетот во Софија.

* Ставовите изразени во рубриката ʺПублицистика“ може не ја одразуваат позицијата на ТАТКОВИНА

 

 

 

 

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO