Солунската гимназија, или со најточно име, според сите историски книги, Бугарската машка гимназија во Солун опстојувала во периодот 1880 – 1913 година. Таа се вика Свети Кирил и Методиј.

Своевремено тоа е најбитниот образовен центар во Македонија, чии ученици биле некои од нашите најбитни и најважни дејци, пред се Гоце Делчев, Даме Груев, Павел Шатев, а подеднакво значајни биле и професорите во неа, меѓу кои и Григор Прличев, Ѓорче Петров, Андон Димитров.

Прв директор на гимназијата е Кузман Шапкарев. Сите знаеме од каде е.

По долгогодишното асимилаторско влијание на доминантно грчката Вселенска Патријаршија, бугарите од географскиот регион Македонија, или со други зборови, како што се опишани во многу историски книги, како што се изјаснувале многу луѓе од тука во минатото, македонските бугари, со радост го дочекале формирањето на Бугарската Егзархија, чие доаѓање на просторите на денешна Македонија тие го изгласале со плебисцит, по што, Егзархијата тука отворила училишта, од кои токму солунската гимназија било она најзначајното. Во текот на 33 – те години постоење, низ неа минале околу 6000 ученици од разни краишта на Македонија. Кукуш, Битола, Прилеп, Охрид, Велес, Штип, Костур, Воден, Мелник, Банско итн.

Најголем број од дипломираните работеле како учители и директори во бугарските егзархиски училишта низ Македонија, а со тоа ја помагале и револуционерната борба, како членови на ВМОРО/ВМРО.

Во гимназијата се предавало француски и латински, математика, физика, хемија, педагогија, психологија, а во нејзин склоп делувало и филскутурното друштво “Јунак“ под водство на швајцарскиот професор Даниел Бланшу, како и станица за метеоролошки истражувања, што за тоа време било прилично напредно.

За време на Балканските војни, Солун потпаднал под грчка власт, а бугарските гимназии биле мета на вандализам. Разјарени грчки толпи на клада ги палеле бугарските книги од гимназиските библиотеки, при што пострадале дури и некои ретки ракописи и пергаменти.

Она што е интересно, а по што треба да се распознаат Македонија и Бугарија денеска, е тоа што во 2014 година министерот за култура на Бугарија и градоначалникот на Солун, поставуваат спомен обележје на улица Олимпу број 99, каде што некогаш се наоѓала оваа славна машка гимназија, која ги дала на Македонија нејзините најголеми синови.

Интересно е што ни девојките во тоа време не биле запоставени во образованието. За нив, во 1882 година, во Солун била отворена Женската бугарска гимназија “Свето Благовештание“.

Ќе погодувате ли чија ќерка била прва управителка во таа женска гимназија ?!

Не верувам дека ќе погодите, но ќе ви кажам.

Ќерката на Димитар Миладинов, Царевна.

 

ФБ статус на Кларк Кент

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO