
Во срцето на Пловдив се крие древно бижу, потонато до неодамна во заборав. По векови на разнебитување, Епископската базилика на Филипопол повторно заживеа. Од 19 април, зградата-музеј веќе е достапна за посетителите и само во првите седум дена по отворањето ја посетија скоро 1.900 луѓе.
Базиликата е меѓу најголемите ранохристијански храмови на територијата на Балканот. Се смета дека дури прво била храм, посветен на култот кон императорот. Внатре може да се видат близу 2000 кв.м. мозаици распоредени во три слоја. Меѓу нив се среќаваат сликите на над 100 птици. Музејот е отворен секој ден од 09:00 до 18:00 часот и нема неработни денови.
