На 81 годишна возраст почина големата италијанска пејачка и актерка Милва . Таа имаше голем придонес во развојот на италијанската естрадна песна, како актерката беше исто така уникатна.

Милва боледуваше многу години и почина во својот дом во Милано. Меморацијата ќе се одржи во вторник, 27 април, во фоајето на миланскиот театар Пиколо.

Родена во Горо во делтата на реката По, Милва беше позната како ʺЦрвената пантерка“ поради бојата на косата и соодветниот темперамент и дух. Нејзиниот уметнички псевдоним Милва произлегува од нејзиното име Марија Илва Биолкати.

Со Мина и Орнела Ванони, таа беше главното актуелно лице во италијанската музика од 60-тите години на минатиот век. Учествувала на Сан Ремо, каде во 2018 година доби специјална награда за нејзината кариера.

Има издадено 173 албуми ширум светот. Се оддава на театарската уметност и преку неа нејзината музика беше популарна низ целиот свет. Има настапи дури и на Миланската скала. Учествува во голем број филмови и телевизиски предавања.

Претседателот на Италија Серхио Матарела и целата културна заедница на Италија ја изразија својата почит пред паметта на Милва.

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO