Понекогаш уметноста е да направиш нешто, затоа што знаеш, дека ќе биде убаво “. Зборовите се на шпанскиот режисер Бастиен Солејл, кој заедно со Ариадна Авес го претстави видето Tang’o.

Во него, шпањолката, која се занимава со танцување и нуркање, претставува прекрасна изведба на десетина метри под површината на водата.

ʺОва е проект што се роди од желбата на две лица да направат нешто различно, поставувајќи ги заедничките идеи, за да стигнеме до овој резултат“, напиша шпањолката во ЈуТјуб. Според нејзините зборови и било тешко во домашни услови да се создаде кореографија за подводна изведба.

„Отсекогаш сум била почитувач на луѓето, кои сакаат да одат еден чекор понапред, кои не се плашат. Така беше со Бастиен Солејл – тој бараше начин да ја осуштестви секоја лудост, што ќе ни падне на ум“.

За снимањето на танцот, двајцата направиле 120 нуркања, без при тоа да биде користен дополнителен кислород. „Комбинацијата од водата, светлината и талентот за танцување на Ариадна, претставуваат пред гледачите нов поглед кон подводната видеографија и уметноста во целина. Во моите очи, убавината и радоста се поврзани. Затоа избравме толку силна, динамична и жива музика и кореографија“, изјави Солејл. Неговата желба била, во трите минути гледачот да се оддели од секојдневието и да се пренесе во волшебниот свет на мечтите.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO