
Фото: Роjтерс
Британскиот актер Ентони Хопкинс ја доби наградата на Британската академија за филмска и телевизиска уметност (BAFTA) за најдобaр машки актер. Престижната награда беше доделена за неговата улога во драматичниот филм ʺТаткото“ на францускиот режисер Флоријан Зелер, кој раскажува за стареењето, болестите и односите со децата.
Франсис Мекдорманд ја освои наградата за најдобра актерка.
Бугарската актерка Марија Бакалова не успеа да ја освои наградата за која беше номинирана – споредна улога за нејзиното учество во ʺБорат 2“.
