Францускиот производител на лекови Санофи соопшти денес дека ќе инвестира 400 милиони евра во рамките на пет години во нов објект за производство на вакцини во Сингапур.

Новата фабрика ќе и даде можност на Санофи да произведува иновативни вакцини од големи размери за Азија и да одговори на идните ризици од пандемија, се вели во соопштението на компанијата, цитирано од Ројтерс.

Проектот се очекува да создаде до 200 локални работни места, во соработка со Сингапурскиот совет за економски развој (EDB), открива компанијата.

ʺСанофиʺ очекува да започне со изградба на локацијата во третиот квартал од 2021 година и да биде целосно готов за експлоатација во првиот квартал од 2026 година.

ʺФабриката во Сингапур ќе ги надополни постојните производствени капацитети на ʺСанофиʺ во Европа и Северна Америка и ќе се претвори во регионален центар за високи постигнувања при производството на вакцини во Азија“, посочува француската фармацевтска компанија.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO