Фото: Роjтерс

При високо ниво на заразени и хоспитализирани, Грција ги отвора гимназиите со задолжително тестирање на ученици и наставници.
Пред аптеките има редици за бесплатни тестови.
Дел од експертите од националниот штаб за борба со коронавирусот се силно против отворање на училиштата во услови на високо ниво на заразени во земјата.
Владата ја презеде одговорноста со почетокот на процесот на учење од понеделник (12-ти април), изјави министерот за образование Карамео.
Се воведуваат исклучително строги мерки за присуство на учениците на час. Двапати неделно тие треба да презентираат документ потпишан од родителите дека направиле тест дома и резултатот е негативен.
Во случај на позитивен тест, целото одделение и семејството се ставаат во карантин, и сите се должни повторно да се тестираат.
Бројот на часови во училниците се намалува, а активностите на отворено се зголемуваат. Носењето маски е задолжително.
Учениците од основните училишта остануваат на далечинско учење до Велигден, изјави министерот за образование.
Два милиони Грци веќе се вакцинирани.
Од септември се размислува за задолжително вакцинирање на сите здравствени работници, соопшти премиерот Мицотакис.

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO