Фото: Роjтерс

Италија ќе препорача вакцината ʺАстраЗенека“ веќе да се применува само на лица над 60 години, откако Европската агенција за лекови заклучи дека е можна врската помеѓу згрутчување на крвта и имунизирањето со препаратот, посочуваат светските агенции.

Претседателот на Врховниот совет за здравство на Италија, Франко Локатели, изјави дека оние кои веќе имаар една доза од вакцината, може да ја добијат и втората. Официјални претставници исто така кажаа дека и покрај препораките за ограничување на употребата на препаратот, властите во земјата нема да го забранат.

Дел од европските држави привремено ја прекинаа имунизацијата со ʺАстраЗенекаʺ, и макар што некои од нив ги обновија вакцинациите со нив, други, како Германија, Холандија и Франција, воведоа ограничувања за возраста.

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO