Фото: Роjтерс

Во 45-тото Народно собрание на Р. Бугарија влегуваат шест партии. Ова го покажуваат податоците за привремените прогнозни податоци од досега обработените протоколи од изборните места по гласањето во неделата врз основа на 98,93% од обработените протоколи во Реонските изборни комисии заклучно со 01,00 часот.

ГЕРБ / СДС – 26,14%

ʺИма таков народ“ – 17,73%

БСП за Бугарија – 15,02%

ДПС – 10,34%

Демократска Бугарија – 9,52%

„Исправи се! Мафија надвор!“ – 4,74%

Под линијата од 4% останува ВМРО-БНД со резултат од 3,65%.

БНО, со која на изборите се јави Васил Божков – 2,96%.

Партија ʺВазраждане“ има 2,47%, Волја- НФСБ – 2,38%, ʺРепубликанци за Бугарија” – 1,27% ”, Движењето на непартиски кандидати – 0,53%,“АТАКА”- 0,49% Партија АБВ – 0,47%

47.449 луѓе изјавиле дека не поддржуваат никого.

ʺИма таков народ“ (30,75%) и ДБ (17,56%) освојуваат најмногу гласови од гласовите во странство, а потоа следуваат ДПС (13,17%). ГЕРБ и БСП добиваат соодветно 8,7 и 7 проценти.

На претходните парламентарни избори, ГЕРБ беше лидер во гласовите во странство со 24,6 проценти, следени од ДОСТ, БСП и ДПС.

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO