Починал познатиот бугарски новинар Георги Коритаров, соопшти извршниот директор на ТВ Европа Георги Харизанов. Во последниве години, Коритаров го водеше предавањето ʺСлободна зона“ на ТВ ʺЕвропа“. ТВ ʺЕвропаʺ веќе неколку години е во македонскиот медиумски простор, а предавањето ʺСлободна зонаʺ со Георги Коритаров во кое многу често се коментираа македонско-бугарските односи беше исклучително популарно кај македонските граѓани.

„Скапи пријатели,

Не знам како точно се соопштува ваква вест. Не знам што се кажува, не знам како се разбиеа, не знам како се живее со неа.

Вчера се смеевме во ефир.

Денес разбирам дека повеќе нема да се видиме.

Нема да зборуваме.

Нема да спориме.

Нема да размислуваме заедно, да работиме заедно, да читаме и да пишуваме заедно.

Среќен сум, што бев мал дел од животот на овој голем човек. И тој од мојот.

Ќе се обидам да се насмеам секогаш кога ќе се сетам на него. Но, тешко дека ќе успеам “, напиша Харизанов на својот профил на Фејсбук.

 

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO