Фото: Роjтерс

Премиерот Бенјамин Нетанјаху доби од претседателот на Израел мандат за формирање на нова влада на Израел по избори, на кои не се доби јасно владејачко мнозинство, пренесе Ројтерс.

Нетанјаху, кој е на власт од 2009 година, сега има тешка задача да најде доволно сојузници за владејачка коалиција.

Тој има 28 дена според законот за да го стори тоа, со можност за две недели продолжување пред претседателот Реувен Ривлин да предложи друг премиер или да побара од парламентот да избере премиер.

На изборите во Израел на 23 март, четврти во последните две години, ниту Нетанјаху, ниту неговите потенцијални партнери, десничарски и религиозно партии, ниту потенцијална коалиција на неговите противници не успеаја да освојат мнозинство во парламентот.

Но, во консултациите на Ривлин со политичките партии во понеделникот за давање мандат за формирање влада, Нетанјаху доби поголема поддршка од другите кандидати за постот, што го натера претседателот да го номинира за премиер.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO