Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека пат кон членството во НАТО е единствениот начин да се стави крај на војната во источниот дел на Донбас. Зеленски го изјави ова по телефонски разговор со генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг, пренесе Ројтерс.

Шефот на украинската држава ги повика земјите од НАТО да го зголемат своето воено присуство во регионот на Црното Море како акт на ʺмоќно попречување“ на Русија.

Според него, НАТО ќе и испрати ʺвистински сигнал“ на Москва со план за членство на Украина.

Во твит до Столтенберг по разговорот со Столтенберг, Зеленски посочува дека Киев е ангажиран со реформи во одбраната што ги бара Алијансата за добивање на Акционен план за членство за Украина.

ʺНо, само реформи нема да ја запрат Русија“, смета украинскиот лидер. ʺНАТО е единствениот начин да се стави крај на војната во Донбас, а Акцискиот план за членство на Украина ќе биде вистински сигнал за Русија“.

Од своја страна, Кремљ настојува на тоа дека плановите на Украина за членство во НАТО треба да ги земат во предвид ставовите на Украинците на истокот од земјата, кои сметаат дека ваквата одлука е неприфатлива.

ʺНе гледаме намера Украина да се успокои и да се повлече од военото прашање … Главната работа е ништо да не предизвикува воени дејства на украинските сили кон нејзиниот народ или жителите на самопрогласените републики“, коментираше портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO