Во 45-тото Народно собрание на Р. Бугарија се очекува да влезат шест партии. Ова го покажуваат привремените прогнозни податоци од досега обработените протоколи од избирачките места по вчерашното гласање врз основа на 90,46% од обработените протоколи во Реонските изборни комисии до 17 часот.

ГЕРБ / СДС – 26,07%. Формацијата води во 24 региони.

ʺИма таков народ“ – 17,96%

БСП за Бугарија – 15,02%

ДПС- 9,98%

Демократска Бугарија – 9,54%. ДБ е пред ГЕРБ во два реони во Софија – 23 и 24.

Исправи се! Мутри надвор! – 4,81%

Под линијата од 4% останува ВМРО-БНД со резултат од 3,59%.

БНО, со која на изборите излезе Васил Божков – 3,01%.

Партијата ʺВазраждане“ има 2,53%, Волја – НФСБ – 2,42%, ʺРепубликанци за Бугарија“ – 1,25%, ʺДвижењето на непартиски кандидатиʺ – 0,53% АТАКА- 0,50%. Партија АБВ – 0,47%

43.054 гласачи изјавиле дека не поддржуваат никого.

ʺИма таков народ“ и ДБ освоија најмногу од гласовите во странство, а по нив следува ДПС.

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO