Форо: Роjтерс

Во 45-тото Народно собрание на Р. Бугарија се очекува да влезат шест партии. Ова го покажуваат привремените прогнозани податоци од досега обработените протоколи од избирачките мест по вчерашното гласање врз основа на 54,63% од обработените протоколи во Реонските изборни комисии до 09,30 часот.

ГЕРБ / СДС – 24,88%. Формацијата победи во 21 области

ʺИма таков народ“ -18,74%

БСП за Бугарија – 14,91%

Демократска Бугарија – 10,53%. ДБ е пред ГЕРБ во два реони во Софија – 23 и 24.

ДПС – 8,99%

Исправи се! Мутри надвор! – 4,98%

ВМРО останува под границата од 4 проценти со резултат 3,55%

Партијата Вазраждане има 2,79%, Волја – НФСБ – 2,44%, како и БНО на ВАСИЛ БОЖКОВ – 3,14%. ʺРепубликанци за Бугарија“ – 1,10% ʺАТАКА“ – 0,51%. АБВ- 0,5%

12.723 лица изјавиле дека не поддржуваат никого.

ГЕРБ е лидер во Благоевград со 34%, во Велико Трново и Варна, Сливен, Хасково, Видин, Пловдив, Добрич, како и во Плевен, каде ʺРепубликанците за Бугарија“ на Цветан Цветанов добиваат 2,42 проценти.

ʺИма таков народ“ и Слави Трифонов има висок процент во Плевен – 27. БСП се први во Јамбол со 27%.

ʺИма таков народ“ и ДБ добиваат најмногу гласови од гласовите во странство, а по нив следува ДПС.

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO