Фото: Роjтерс

Денес е католички Велигден. Во околу 11 часот по македонско време, папата Франциско ќе го произнесе својот празничен благослов ʺДо Рим и до светот“.

Втора година по ред, папата Франциско ќе го упати својот празничен велигденски благослов до католичкиот свет ʺ Urbi et Orbi“ пред скоро празниот плоштад Свети Петар во Рим, поради строгите мерки против собирање на народ во врска со пандемијата .

Таков беше и во полупразната базилика ʺСв. Петар “за време на Велигденското бдение. На него папата упати порака на надеж во овие тешки времиња. Тој кажа дека не треба да се губи надежта дека треба да се надминат предрасудите, посочувајќи го за пример Велигден како почеток да се започне еден нов живот по претрпените неуспеси. На Апенините, Христовото воскресение се слави според строгите здравствени мерки до 5 април.

Во склад со бив, Италијанците отидоа на своите вили, но без право на плажа и излети. Во градовите како Џенова, на пример, луѓето можат да прават пикник на покривите на станбените згради – едно вообичаено место за релаксација.

Само околу 200 луѓе присуствуваа во базиликата Свети Петар. Литургијата започна два часа порано од вообичаеното за учесниците да можат да се вратат дома пред 22 часот – вечерниот час во Италија, каде се воведени строги ограничувања за време на празниците.

Во својата проповед, папата потсети дека во мрачните месеци на пандемијата, луѓето треба да ја слушнат пораката на Исус, кој ги повикува никогаш да не губат надеж. Папата Франциско ги повика луѓето да се грижат за оние кои имаат најголема потреба.

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO