Фото: Роjтерс

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер ги повика своите сограѓани да вложат напори за ограничување на распостранувањето на коронавирусот. Во своето велигденско обраќање, кое ќе биде емитувано вечерва, шефот на државата изразува загриженост за грешките направени од властите.

Според зборовите на Штајнмаер, во Германија настапила ʺкриза во довербата“ поради дивергентните пораки на канцеларката и премиерите на 16-те сојузни држави за ограничувачките мерки.

Пандемијата и покажа на Германија дека не секогаш сè треба да биде организирано до крај, дека Германците стравуваат да преземат ризик и дека се склони да ја префрлат одговорноста, вели претседателот во своето велигденско обраќање.

ʺГо разбирам незадоволството, имаме грешки – при тестирањето, при следење на инфекцијата и вакцинирањето“, нагласува Штајнмаер, кој се имунизираше со AstraZeneca, во обид да ја врати довербата во вакцината.

ʺПотребни ни се разбирливи и прагматични мерки“, додаде претседателот во обраќањето кое набљудувачите го определуваат како невообичаено критички настроено кон владата на Ангела Меркел со тон некарактеристичен за шеф на држава.

 

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO