Фото: Роjтерс

Велика Британија е на пат да им даде на сите луѓе на возраст над 50 години прва доза од вакцина против Ковид-19 до 15 април, изјави денес британскиот премиер Борис Џонсон.

Тој објасни дека владата им дава приоритет на оние кои треба да ја примат својата втора доза, истовремено насочувајќи се на преостанатите над 50 годишна возраст и ранливото население, кои сè уште не ја добиле првата доза.

Џонсон изјави дека владата ја преиспитува можноста луѓето да имаат потреба од годишна доза на засилување. ʺГолем дел од вакцините што ги имаме и ќе ги имаме, ќе можат да бидат променети, за да се справиме со потенцијалот за нови варијанти на коронавирус“, увери тој, додавајќи дека Обединетото Кралство исто така ги гради своите капацитети за производство на повеќе вакцини според потребите.

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO