Фото: Роjтерс

Кремљ предупреди денес, дека распоредувањето на војници на НАТО во Украина ќе доведе до дополнителни тензии по должината на руските граници и ќе ја принуди Москва да преземе уште мерки за да ја осигури својата безбедност, пренесе Ројтерс.

НАТО вчера изрази загриженост за ʺголемото руско воено натрупување близу Источна Украина“, откако Русија предупреди дека сериозна ескалација на конфликтот во Донбас може да ја ʺуништи“ Украина.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска пред новинарите изјави дека ситуацијата на контактната линија во Источна Украина меѓу владините сили на Киев и сепаратистичките сили поддржани од Русија е прилично застрашувачка и дека таму имало бројни провокации.

Шефот на Пентагон Лојд Остин вчера разговараше со неговиот украински колега Андриј Тарани ʺосудувајќи ја неодамнешната ескалација на агресивните и провокативните дејствија на Русија во Источна Украина“, соопшти Пентагон.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO