Фото: Роjтерс

Поранешниот селектор на германската репрезентација Јирген Клинсман ја коментираше загубата на Германците од Северна Македонија со 1: 2 во квалификациите за светското првенство во фудбал.

„Да имаше навивачи, тие ќе го исвиркаа тимот. Не се сомневајте во тоа. Претставете си дека овој натпревар се игра пред 60-80 илјади гледачи и загубите од Северна Македонија. Кога вакво нешто ќе се случи со врвен тим како Германија, тогаш луѓето брзо даваат да се разбере дека размерот на она што се случило е доста голем. Се обложувам дека никој од репрезентативците денес нема да отиде во продавница затоа што нема да слушне ништо убаво. Подобро да си седат дома неколку денови и дури тогаш да излезат“, прокоментира Клинсман за ESPN.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO