
Фото: Роjтерс
Руската компанија ʺГазпром“ го зголеми својот извоз на природен гас во првите три месеци од 2021 година за 30,7% во споредба со истиот период минатата година, при што вкупниот обем достигна 52,7 милијарди кубни метри, соопшти денес компанијата, пренесе Ројтерс.
ʺГазпромʺ исто така посочи дека побарувачката за природен гас во Европа во март е споредлива со онаа во зимските месеци.
Според компанијата, испораките на руски гас за Бугарија се зголемиле во посочениот период за 52,4%, за Турција скокнале за 106,6%, за Германија – за 33,3%, за Полска – за 18,5%, за Србија – за 71,3% , во насока на Финска – за 67,3%, за Романија – за 90,4% и за Грција – за 23,4%.
Во исто време, добивите на природен гас од страна на ʺГазпромʺ се зголемиле во првиот квартал за 10,5% во однос на истиот период од претходната година, достигнувајќи 136,2 милијарди кубни метри.
