Фото: Роjтерс

Светската здравствена организација го определи како ʺнеприфатливо бавното“ распостранување на вакцини во Европа и изјави дека нарастувањето на заразаените со коронавирусни инфекции во регионот е ʺалармантно“, пренесува AFP.

ʺВакцините претставуваат нашиот најдобар начин за излегување од оваа пандемија … Распостранувањето на овие вакцини меѓутоа е неприфатливо бавно“ и ʺја продолжува пандемијата“, изјави директорот на СЗО за Европа Ханс Клуге.

ʺТреба да го забрзаме процесот со зголемување на производството, намалување на бариерите пред приложувањето на вакцини и користење на секоја вијала што ја имаме на залиха“, додаде тој.

Според СЗО, ситуацијата во Европа е позагрижувачка отколку што беше пред неколку месеци.

Пред пет седмици, неделниот број на нови случаи во Европа падна на под еден милион, но минатата седмица се набљудuва зголемено пренесување на Covid-19 во повеќето земји од европскиот регион на СЗО, со нови 1,6 милиони случаи, сее вели во изјавата на организација.

Според експертите, вкупниот број на смртни случаи во Европа се приближува до еден милион, а вкупниот број на заразени ќе надмине 45 милиони.

Европскиот регион на СЗО опфаќа 53 земји и територии и ги вклучува Русија и неколку земји од Централна Азија.

 

 

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO