Фото: Роjтерс

Италијанскиот премиер Марио Драги денес се вакцинираше против коронавирус со препаратот на AstraZeneca, соопштија од неговата прес-служба, пренесе АФП.

73-годишниот лидер и неговата сопруга Марија биле вакцинирани во центар на централната станица во Рим ʺТерминиʺ.

Италија беше една од низата европски земји кои престанаа да ја користат вакцината на ʺАстраЗенекаʺ на почетокот на овој месец по извештаите за околу 30 случаи на ретки згрутчувања на крвта во мозокот кај луѓе кои претходно биле вакцинирани.

Повеќето земји во Европа веќе ја продолжија имунизацијата со оваа вакцина откако Европската агенција за лекови соопшти дека придобивките ги надминуваат ризиците.

Во обид да ја успокои италијанската јавност во врска со безбедноста на вакцината АстраЗенека, Драги минатата недела објави дека ќе биде вакциниран со неа.

Драги ја презеде функцијата на почетокот на овој месец со ветување дека ќе ги забрза вакцинациите во Италија, која беше прва европска земја која се соочи со целата сила на пандемијата и во моментов се бори со смртоносен трет бран.

Според последните податоци, Италија, која има околу 60 милиони жители, целосно вакцинирала 3,04 милиони луѓе, додека други 3,6 милиони ја примиле првата доза.

Земјата приложува околу 250.000 вакцини на ден, но Марио Драги изјави дека тој број ќе се удвои во април.

 

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO