Фото: Роjтерс

Екипата на Феникс го победи Шарлот со 101-97 по продолжувања во натпревар од редовната сезона во Националната кошаркарска асоцијација (НБА). Девин Букер беше најдобар стрелец со 35 поени, Крис Пол додаде 16.

Феникс е втор во Западната конференција со 31 победа и 14 порази. Тимот има три победи на последните четири натпревари.

3850 гледачи го следеа натпреварот во салата во Шарлот.

Лос Анџелес Лејкерс го победи Орландо со 96:93. Денис Шредер реализираше 24 поени, а Кајл Кузма додаде 21 за Лејкерси, кои освоија втор натпревар во низа без повредените sвезди Леброн Џesејмс и Ентони Дејвис.

Портланд го победи Торонто со 122-117 на друг натпревар вечерва. Си Џеј Маккалам заврши со 23 поени, од кои 7 во последните две минути од натпреварот. Дејмиан Лилард додаде 22 поени и 11 асистенции за успехот на Портланд.

Паскал Сијакам беше најдобар стрелец кај Торонто со 26 поени.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO