Фото: Роjтерс

Амбициите на Холандија претрпеа сериозен удар со поразот во Истанбул против Турција со 2: 4, но светските фудбалски квалификации штотуку почнуваат, изјави тренерот на тимот Франк де Бур.

Бурак Јилмаз постигна три гола за домаќините и тие привремено се наоѓаат на првото место на табелата во групата ʺG“.

„Ова е многу лош резултат, тежок пораз. Но, да не правиме трагедии, затоа што одигравме само еден од вкупно десет натпревари во квалификациите. Едноставно треба да бидеме внимателни во иднина. Турција е многу силен противник, но требаше да изгубиме против нив „, кажа тој, во интервју за холандските медиуми по натпреварот.

„Знаевме дека ќе се обидат да не удираат на контранапад, но нивниот прв гол падна од слична ситуација и беше како по учебник. Едноставно требаше да направиме прекршок и да го запреме контранападот, но не го сторивме тоа. Не реагираме адекватно на такви нешта, но видов и многу позитивни карактеристики во нашата игра.

Нема да се обесхрабриме, бидејќи во фудбалот ситуацијата брзо се менува. Верувам дека тоа ќе се случи и за нас, така што нема да ронам солзи за овој пораз. Имаме искусни играчи и тие можат да играат далеку подобро од она што го покажаа против Турција “, додаде Де Бур.

На 27 март Холандија е домаќин на Летонија во Амстердам, а на 30 март му гостуваат на Гибралтар.

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO