
Nokia Corporation денес објави дека ќе скрати од 5.000 до 10.000 работни места во следните две години за да ги надомести загубите предизвикани од коронавирусната пандемија и да инвестира повеќе во своите истражувачки можности.
Компанијата објасни дека се надева да ги намали своите трошоци за околу 600 милиони евра до крајот на 2023 година и да реализира половина од овие заштеди оваа година.
Уште во јуни, Nokia скрати 1.233 работни места во својата подружница Alcatel-Lucent International, кратко по назначувањето на новиот финансиски директор, Кристијан Пулола.
