Марија Бакалова е првата бугарска актерка со номинација за ʺОскарʺ. Таа ќе се натпреварува во категоријата споредна женска улога за нејзината улога во ʺБорат 2ʺ.

Бакалова беше првата објавена номинација денес во предавање во живо преку Интернет од Лондон.

Номинациите ги објавуваат брачниот пар Ник Џонас и Пријанка Чопра. Бакалова влегува во конкуренција со актерките Глен Клоуз, Оливија Колман, Аманда Сејфрид и Јун Јо-Џонг.

Церемонијата за врачување на наградите ʺОскарʺ ќе се одржи во раните часови на 26 април по македонско време.

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO