
Фото: Роjтерс
Богатството на мнозинскиот сопственик на руската компанија ʺСеверсталʺ, Алексеј Мордашов и неговото семејство за прв пат достигна 30 милијарди долари. До денес, ова го прави најбогат бизнисмен во Русија, покажуваат податоците на апликацијата на американскиот магазин ʺФорбс“, пренесе БТА.
Акциите на ʺСеверсталʺ на Московската берза во петокот достигнаа историски максимум од 1414,4 рубљи (192,41 УСД) за една. Неодамна, на Денот на инвеститорот, компанијата објави дека очекува побарувачката за челик во Русија да се зголеми за 3,1 процент оваа година.
Мордашов (55) е на првото место на ранг-листата на Forbes Real-Time. Вакво богатство досега успевал да натрупа само Владимир Потатин, чие богатство се намали поради падот на акциите на неговата компанија Норникел.
ʺСеверсталʺ е вертикално интегрирана рударска и металуршка компанија. На крајот на 2020 година таа произвела 11,31 милиони тони челик. Нејзиниот основен сопственик Алексеј Мордашов поседува 77,02 проценти од акциите, потсетува ТАСС.
