
Telecom Italia планира да ги намали вработените во компанијата за 3% оваа година, соопштија денес извори од синдикатите, цитирани од Ројтерс. Најголемата италијанска телефонска компанија има за цел да го обнови својот бизнис во услови на коронавирусна криза.
Telecom Italia (TIM), која располагаше со близу 42.600 вработени кон крајот на минатата година, планира да скрати околу 1.300 од нив во Италија користејќи шема за предвремено пензионирање, додека истовремено вработи нов персонал за да ја зајакне својата дигитална насоченост, додаваат изворите от синдикатите.
Менаџерите на TIM ги информирале претставниците на синдикатите за планот и изјавиле дека кратењата ќе бидат на доброволна основа.
